Thursday, December 26, 2013

ГРАДИНАРСТВО

ГРАДИНАРСТВО

Градинарството како стопанска гранка е дел од растителното
производство кое опфаќа проучување и производство на специфична група
растенија наречени зеленчуци.
Терминот зеленчук опфаќа голем број на видови чии вегетативни и
генеративни органи се користат во исхраната: во свежа, варена и конзервирана
состојба.
 Во светот се познати околу 1000 видови на зеленчук, од кои се
одгледуваат околу 150, но најширока примена имаат 30-50 видови.
Придавката зелен се содржи во сите јазици кои ја означуваат оваа
група на производи, затоа што во најголем дел се консумираат во зелена
(технолошка) зрелост.
Градинарство = Хортикултура (зеленчук, овошје, цвеќе, лоза)
Хортус= градина.
Зеленчуково производство = Градинарско производство.
Најголем ареал на распространетост имаат видовите со умерена
потреба кон факторите на надворешната средина. Такви се: Пред 4000 години:
кромид, зелка, краставица, грав. Пред 2000-4000 години: грашок, ротква,
морков, геревиз, лук, шпаргла.
Пред 2000 години: спанаќ, магдонос, диња. После Колумбо (Откривање
на Америка): домат, пиперка, компир, тиква.
Зеленчуковото производство претставува една од најинтензивните
гранки на растителното производство. Тоа се изразува преку економскиот
ефект и приносот кој се постигнува по единица површина. Така на пр.
Производството на пиперка по хектар може да обезбеди 5-8 пати, а во
стакленичко производство 190-250 пати поголема вредност во однос на
производството на пченица. Еден хектар на интензивно нивско производство
од зеленчук може да одговара на 30-100 хектари под пченица, а 1 хектар
стакленичко производство на 600-900 ha под пченица.
Производството на градинарските видови може да се организира на
отворен простор, во градини и ниви и во заштитен простор. Времето и начинот
на отворено зависи од климатските услови и може да биде рано, средно рано,
доцно и зимско производство.
Раното пролетно производство се организира во реони со повисока
средно годишна температура и поголем број денови без појава на мараз.
Касното производство наменето е пред се за индустриска преработка
или за домаќинството. Се одгледува како втора култура (зелка, краставица,
боранија и сл.), што овозможува интензивно користење на површината.
Зимското производство присутно е во јужните реони во кои успешно се
одгледува: зелка, салата, спанаќ, кромид.
Најинтензивна форма на зеленчуковото производство е
производството во заштитен простор. Овде спаѓаат: топли леи, тунели и
пластеници, оранжерии, хидропони, фитотрони, габарници.
Топлите леи, тунелите, пластениците, оранжериите се најчест тип на
совршено заштитен простор. Хидропоните по својата констукција се многу
слични на оранжериите, но почвата е заменета со хранлив раствор, во кој
слободно се развива кореновиот систем, а под контрола е исхраната на
растенијата. Фитотроните се најсовршен тип на заштитен простор. Кај нив под
контрола се сите растителни фактори, вклучувајќи го и регулирањето на
светлосните услови. Габарниците се темни простории кои служат за
одгледување на печурки.

Според должината на вегетацијата (од семе до семе) градинарските
видови се делат на:
Едногодишни (домат, краставица, грашок и др.),
Двегодишни (зелка, морков, кромид) или
Повеќегодишни (рен, ревен – од фам Brassicaceae, шпаргла).

Македонија е земја со долга традиција на одгледување градинарски
култури. Производството на зеленчук е застапено во сите делови на земјата,
меѓутоа комерцијално најважните производни региони се наоѓаат околу
Струмица, Гевгелија и Валандово.
Градинарски култури кои најчесто се одгледуваат на отворено се: зелка,
грав, бостан, компир, кромид, лук, салата, како и домати, пиперки и краставици,
кои воедно зафаќаат значајни површини под заштитени простори (пластеници
и стакленици).
Површините под градинарски култури (65 000 ha) се релативно стабилни
во последните десет години, односно немаат тренд на пораст, со тоа што
интензивирано е рано градинарското производство, посебно на домати и
краставици, заради високите цени во периодот на април и мај.
Површината под стакленици во Р. Македонија е 260 ha, меѓутоа
капацитетот на експлоатација е помеѓу 70 и 75%. Во 2003 година од 185
активни хектари под пластеници биле произведени 25 000 тони зеленчук, во
најголем дел домати, следени од краставици и лути пиперки. Оваа количина е
за 20% поголема од претходниот тригодишен (2000-2002 год.) просечен
принос.
Многу често се сретнува една класификација на зеленчуковите видови
која е направена според продуктивните органи и ботаничките одлики на
растенијата.

Видовите се поделени на:
Коренови зеленчуци: морков, магдонос, ротква, ротквица, цвекло;
Луковичести зеленчуци: кромид, лук, праз;
Клубенести видови: компир, чичока;
Лиснати зеленчуци: спанаќ, салата, блитва;
Плодови зеленчуци: домат, пиперка, краставица, лубеница, диња;
Мешункасти зеленчуци: грашок, боранија, бакла;
Соцветија (карфиол, артичока,брокола);
Главици (зелка, кељ, кинеска зелка);


 ЗНАЧЕЊЕ
Познавањето на анатомијата на културните растенија е основа за
агрономот правилно да ги опишува и идентификува различните видови
растенија. Растителната анатомија е од суштинско значење во комуникацијата
меѓу земјоделците, фитопатолозите, ентомолозите, научниците за плевелната
вегетација, или било кој други вклучени во производство на културни растенија.
Земјоделците во семето, зрното, растителното влакно, или фуражното
производство често ја користат растителната анатомија да прават разлика
помеѓу штетниците на културата, да идентификуваат оптимални менаџерски
практики во прилог на производните одлуки.
Во оваа како и во другите поглавја, често се направени споредби помеѓу
житните култури и мешункастите култури. Земјоделските култури често се
поделени на две широки категории или класи.
Монокотиледонски растенија (најчесто се нарекуваат ,,монокоти“ или
"треви"), се оние кои содржат едно семено листче (еден котиледон). Житните
култури се тревести култури - монокотиледони одгледувани за нивното семе.
Диколедонските растенија (честопати се нарекуваат "дикоти" или широколисни
растенија), се оние кои содржат две семени листчиња (два котиледони). Важна
група во рамките на дикотиледоните се легуминозите (мешункастиите култури
кои имаат способност за азотофиксација во кореновиот систем) тие можат да
се одгледуват за нивните семиња ( мешункасти култури / зрнести легуминози)
или фуражен (фуражни легуминози).
Анатомија на семето - 'ртулецот
Семето не е ништо друго освен минијатурно растение во состојба на
мирување. Истражувањата докажуваат дека до оштетување на семето може да
дојде при неправилно ракување или неправилно чување, при што одредени
делови од семето се поосетливи од другите. За да може да се врши правилна
процена на квалитетот на семето, да се процени неговиот вигор, но и да се
изврши правилна процена за 'ртливоста и способноста за вкоренување
неопходно е добро да се познаваат деловите од семето и 'ртулецот. Во овој
дел се врши споредба помеѓу житните растенија (пр. пченка, пченица, ориз
итн.) и легумнозите (соја, кикиритки, луцерка итн.).
Од шематскиот приказ и табелата со објаснување кој следат вие може да ги
забележите и разликувате функциите на деловите од:
А. Семе и посадочен материјал од житни растенија;
Б. Семе и посадочен материјал од легуминозни растенија;