Thursday, December 26, 2013


 ЗНАЧЕЊЕ
Познавањето на анатомијата на културните растенија е основа за
агрономот правилно да ги опишува и идентификува различните видови
растенија. Растителната анатомија е од суштинско значење во комуникацијата
меѓу земјоделците, фитопатолозите, ентомолозите, научниците за плевелната
вегетација, или било кој други вклучени во производство на културни растенија.
Земјоделците во семето, зрното, растителното влакно, или фуражното
производство често ја користат растителната анатомија да прават разлика
помеѓу штетниците на културата, да идентификуваат оптимални менаџерски
практики во прилог на производните одлуки.
Во оваа како и во другите поглавја, често се направени споредби помеѓу
житните култури и мешункастите култури. Земјоделските култури често се
поделени на две широки категории или класи.
Монокотиледонски растенија (најчесто се нарекуваат ,,монокоти“ или
"треви"), се оние кои содржат едно семено листче (еден котиледон). Житните
култури се тревести култури - монокотиледони одгледувани за нивното семе.
Диколедонските растенија (честопати се нарекуваат "дикоти" или широколисни
растенија), се оние кои содржат две семени листчиња (два котиледони). Важна
група во рамките на дикотиледоните се легуминозите (мешункастиите култури
кои имаат способност за азотофиксација во кореновиот систем) тие можат да
се одгледуват за нивните семиња ( мешункасти култури / зрнести легуминози)
или фуражен (фуражни легуминози).
Анатомија на семето - 'ртулецот
Семето не е ништо друго освен минијатурно растение во состојба на
мирување. Истражувањата докажуваат дека до оштетување на семето може да
дојде при неправилно ракување или неправилно чување, при што одредени
делови од семето се поосетливи од другите. За да може да се врши правилна
процена на квалитетот на семето, да се процени неговиот вигор, но и да се
изврши правилна процена за 'ртливоста и способноста за вкоренување
неопходно е добро да се познаваат деловите од семето и 'ртулецот. Во овој
дел се врши споредба помеѓу житните растенија (пр. пченка, пченица, ориз
итн.) и легумнозите (соја, кикиритки, луцерка итн.).
Од шематскиот приказ и табелата со објаснување кој следат вие може да ги
забележите и разликувате функциите на деловите од:
А. Семе и посадочен материјал од житни растенија;
Б. Семе и посадочен материјал од легуминозни растенија;

No comments:

Post a Comment